Гризман е уморен од шпекулациите за заминување!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Напаѓачот на Франција и Атлетико Мадрид, Гризман повторно ги демантираше шпекулациите дека на крајот на сезоната ќе го напушти тимот.

Тој изјави дека е уморен од постојаните шпекулации за евентуалното заминување од Атлетико.

„Секогаш истото прашање. Не знам што да кажам. Повторувам, но морам да кажам, сигурно се гледам себеси во овој клуб. Мислам дека тоа е одговор кој го дадов многу пати, но само тоа прашање е заморно.“

Медиумите веќе некое време шпекулираат дека тој ќе премине во Манчестер Јунајтед. Гризман потпиша нов 5-годишен договор со тимот минатото лето, а откупната клаузула изнесува 100 милиони евра.