Гризман: Сакам да играм во МЛС лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За иднината на Гризман во шпанските медиуми веќе се шпекулира. Одличниот играч веќе долго време е посакуван од европските великани, меѓу кои се издвојува Барселона, но по тоа прашање тој одлучил да не се огласува.

Но, заота не е тајна која ќе биде негова последна станица.

„Сакам да играм во МЛС,, таму би сакал да ја завршам кариерата. Луѓето во САД имаат други гледишта од останатите. Исто така ја обожавам таа земја, затоа што таму никој не ме препознава“, изјави Гризман, чија сестра живее таму.

Гризман исто така неодамна изјави дека доколку би можел да бира за кој тим да игра во МЛС, би го одбрал новоформираниот Интер од Мајами кој е основан од легендата Дејвид Бекам.