Грузија го совлада Казакстан и дефинитивно не смести во петтиот шешир пред квалификациите за ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Грузија со 2:1 го победи Казакстан и со тоа и официјално стана најдобра репрезентација во Лигата Д.

Со оваа победа Грузијците дефинитивно се пласираа во Лига Ц од Лигата на Нациите, а плус тоа ќе се најдат и во четвртиот шешир пред ждрепката за  квалификационата фаза од Европското првенство во 2020 година.

Грузија стигна до водство со голот на Мербашвили во 59. минута. Чакветадзе во 84. минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Омиртајев во 90. минута од средбата.