Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија пред своите навивачи првпат одигра после катастрофата на Мундијалот, но избраниците на Јоаким Лев имаа голема поддршка. Во центарот на вниманието на средината на второто полувреме се најде Гундоган кој повторно доби свирежи од трибините, но овој пат аплаузите беа поголеми.
Гундоган и Озил се најдоа на мета на навивачите поради сликата со Ердоган, а после свирежите и навредите, Озил се прости од репрезентацијата. Од друга страна, Гундоган продолжи да игра за репрезентацијата и после мечот изјави дека е среќен што ги слушна аплаузите од трибините на стадионот во Минхен кога влезе во игра.
„Бев нервозан кога се загревав. Не ми беше страв, но едноставно ме фаќаше некоја нервоза бидејќи не знаев што да очекувам. Бев многу среќен кога ги слушнав аплаузите, а свирежите ги игнорирав. Им возвратив со аплауз и бев среќен. Сега со осмев можам да се вратам дома“, рече Гундоган.