Давид де Хеа ќе го продолжи договорот со Јунајтед, но има еден услов!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид де Хеа е подготвен да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, но само доколку му биде исполнет еден услов, односно добие плата од 350.000 евра неделно.

Одличниот Шпанец има уште 18 месеци од договорот, но во Јунајтед очајно сакаат да ја продолжат соработката со нивниот чувар на мрежата.

Наводно, позитивно во преговорите е тоа што Шпанецот нема ништо против да остане во Јунајтед, кој во претходните недели игра фантастично.

Во моментов најплатен фудбалер во Јунајтед е Алексис Санчез, кој има неделна плата од 400.000 евра.