Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Хрватска вчера го одигра првиот натпревар после освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија ова лето.
Ватрените на гостувањето ремизираа со Португалија и одиграа 1:1 на средбата која ја обележа повредата на Вида каде што голманот Калиниќ го удри по раката обидувајќи се да ја избие топката.
,,Жал ми е за Вида, не знам што е со него, се надевам не станува збор за сериозна повреда. Примивме гол кога тој беше повреден, па не можеше да реагира на прекинот. Чекаме информации, се надевам се ќе биде во ред”- рече Далиќ кој се осврна на самиот натпревар:
,,Не очекувавме некоја фудбалска магија. Игравме колку што можевме во овие моменти, променивме шест играчи и дадовме шанса на повеќе играчи. Ова е загревање, ова е патот за Европското првенство. Добро е да видиме на што сме со некои играчи”.
,,Повторно примивме гол од прекин, мораме повеќе да поработиме на тоа. Против Шпанија во Лигата на нациите мораме да бидеме посериозни и многу подобри”- заврши Далиќ.