Далиќ ја откри причината зошто го испратил Калиниќ назад во Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште непочнато заврши Светското првенство за напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ.

Искусниот напаѓач ја напушти Русија и веќе се врати во родниот Сплит, а причината за тоа е неговото одбивање да влезе во игра на натпреварот со Нигерија.

„На натпреварот против Нигерија Никола се загреваше, требаше да влезе во игра во второто полувреме, но не беше подготвен за тоа. Почувствува проблем во грбот. Тоа мирно го прифатив. Веќе трет пат не е подготвен, а за добар настап во Русија ми требаат подготвени и здрави играчи и одлучив тој да се врати дома“ –коментираше Далиќ.