Дали Галинари ќе остане во Денвер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мистерија е дали италијанскиот кошаркар ќе остане во редовите на Денвер.

Галинари е еден од најдобрите играчи на Денвер во оваа сезона, а имаше коректно постигнување, па по завршување на сезоната за Денвер, се поставува прашањето дали тој би останал во тимот.

Шутерот има опција во последната година од договорот според која може да одлучи. Или да стане слободен агент или да остане во Денвер за 16.1 милион долари за 1 сезона.

„Тешко е за мене да го напуштам Денвер. Тоа е мојот град, го сакам тој град. Имам и куќа тука. Кога ќе ја завршам кариерата, Денвер ќе биде мојот град. Тешко е за мене да заминам, но ќе видиме.“

Покрај него, Денвер ќе се обиде да го задржи и Пламли кој стигна од Портланд.