Дали Гасол е најдобар европски центар на сите времиња?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот влезе во такво друштво со што заслужи да му се „симне капа“.

Поради што?

Тој стана 4-ти кошаркар во историјата на НБА лигата кој во текот на кариерата преминал граница од 20000 поени, 10000 скокови, 3.500 асистенции и 1.500 блокади.

Тоа пред него го направија Абдул-Џабар, Гарнет и Данкан.

Гасол ја играше 15-та сезона во НБА оваа година и тој со Лејекрс на крајот на минатата деценија освои 2 шампионски прстени, а овој пат ќе се обиде да го направи тоа со Сан Антонио.