Дали е на повидок голем трансфер на македонски интернационалец во светот на фудбалот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Несторовски е најсветлата точка во Палермо, а тоа привлече интерес од еден поранешен европски гигант.

Дали претпоставувате за кого станува збор?

Милан е заинтересиран за нашиот репрезентативец Несторовски.  Кинезите најавуваат голема реконструкција на тимот од Милано, а Мирабели веќе одржал состанок со управата на Палермо и сака да го донесе Несторовски за 15 милиони евра, но тие би биле плаќани на рати.

Сите се сеќаваме на неверојатниот Филипо Инзаги. Токму нашиот репрезентативец Илија го сметаат за наследник на легендарниот напаѓач на Милан.

Несторовски ќе добие договор од соништата, поточно тој би добил 5-годишен договор, а платата би му изнесувала 1.5 милиони евра и би се зголемувала во текот на наредните години.

Несторовски оваа сезона постигна 10 голови во Серија А, но Палермо играше очајно оваа сезона и поради тоа наредната сезона ќе играат во Серија Б.

За нашиот репрезентативец постои интерес и од други тимови, поточно Севиља, Атлетико Мадрид, Фиорентина, како и Евертон, но Милан е најновиот клуб кој му ветува добра иднина на Несторовски.