Дали е ова тимот на сезоната во Премиер лигата?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според рејтинзите на специјализираниот портал “Whoscored” овие играчи моментално го сочинуваат најдобриот тим во елитниот англиски ранг.

После 29 кола во Премиер лигата, некои работи се јасни. Челси ита кон титулата, имаат 10 бода повеќе од најблискит конкурент, додека голема борба ќе водат за место кое води во Лигата на шампионите Манчестер Сити, Јунајтед, Арсенал и Ливерпул, но и Тотенхем е поблиску до таа борба, отколку за тронот.

На девет кола до крајот, уредниците на порталот “Whoscored”, кој се занимава со фудбалска статистика и оценување на играчите, направија идеални 11 според просечните оценки стекнати во досегашниот дел од сезоната.

Во тимот има и неколку изненадувања, но и неколку играчи кои дефинитивно ќе се најдат во најдобрите 11.

Па да почнеме…

Голман: Џордан Пикфорд (Сандерленд)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.1

Изненадувачки е што 23-годишниот Пикфорд доби шанса во првиот состав на Црвените мачки, после тешката повреда на Вито Маноне. Се покажа одлично, Сандерленд најверојатно ќе оди во понизок ранг, но Пикфорд не мора да се грижи за својата иднина.

Десен бек: Кајл Вокер (Тотенхем)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.3

Веројатно и најдобриот десен бек на Островот, Вокер е неизоставен дел од еден ваков тим.

Стопер: Николас Отаменди (Манчестер Сити)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.5

Иако последната линија на Граѓаните е главна причина за слабите резултати на екипата на Гвардиола во оваа сезона, Отаменди се издвојува. Му требаше време да се адаптира, а како што времето одминуваше игра се подобро, што докажува и високата Whoscored оценка.

Стопер: Вирџил ван Дајк (Саутемптон)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.4

Холанѓанецот до повредата на членот во февруари блескаше. За тоа зборува и фактот дека за неговиот потпис во ова лето ќе се борат најголемите клубови во Премиер лигата.

Лев бек: Дени Роуз (Тотенхем)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.4

Спарси имаат најдобар тандем на бекови во лигата и тоа не е тајна. Стандардни се и во репрезентацијата на Англија, и тешко да ги изоставите од една ваква селекција (но и Алонсо од Челси има одлична сезона).

Десен играч за врска: Садио Мане (Ливерпул)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.5

Дефинитивно најдобро купување на Ливерпул уште од ангажирањето на Кутињо, можеби и подобро, бидејќи Камерунецот одма придонесува.

Игра одлична сезона Мане, постигна 12 голови, се виде колку на Редсите недостасува во текот на Купот на африканските нации.

Централен играч за врска: Андер Ерера (Манчестер Јунајтед)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.4

Без него Јунајтед навистина не личи на себе во оваа сезона. Во просек има три успешни стартови по натпревар, најмногу во Јунајтед, под Мурињо неговиот значај за екипата навистина порасна.

Централен играч за врска: Пол Погба (Манчестер Јунајтед)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.7

Иако често беше оспоруван поради своите партии, Порба сепак одигра многу добра сезона.

Тој и Ерера го сочинуваат клучот на играта на Јунајтед, мораше и да се навикне на нешто дефанзиваната улога, па оттука и нешто послабите партии отколку што се очекуваа.

Често немаше ни среќа, бидејќи рамките на голот дури осум пати го спречија ја да затресе противничката мрежа.

Лев играч за врска: Еден Азар (Челси)

Просечна “Whoscored” оценка: 7.9

Се врати Азар во оваа сезона, игра на своето старо ниво, а тоа докажува и резултатите на Челси во оваа сезона.

Запиша 11 голови и четири асистенции, повторно е еден од клучните играчи на Сините.

Напаѓач: Алексис Санчез (Арсенал)

Просечна Whoscored” оценка: 7.8

 

Чилеанецот игра одлично во оваа сезона, но речиси речси да игра сам во Арсенал. Постигна 22 голови, запиша 12 асистенции во сите натпреварувања за Топџиите, навивачите се надеваат дека ќе остане во клубот, иако се повеќе се шпекулира дека ќе замине.

Напаѓач: Ромелу Лукаку (Евертон)

Просенча “Whoscored” оценка: 7.6

 

Постигна 21 погодок во оваа сезона, еден од главните кандидати за титулата најдобар стрелец во Премиер лигата, посебно после повредата на Кејн.

Игра фантастична сезона и на својот грб го држи Евертон на високото седмо место.