Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот француски репрезентативец се грижи за тоа младиот напаѓач на Монако Килијан Мбапе да не доживее слична судбина како Антони Марсијал.
По мислење на Јури Џоркаеф, Марсијал направи грешка што така млад замина во Манчестер Јунајтед, иако Монако добро се офајди од неговата продажба. Смета дека клучните години за развој му поминуваат во борба за место во тимот и во адаптација.
„Мбапе мора да внимава да не помине како Марсијал.
Па погледнете го Марсијал. Кога се оди во голем клуб прво морате да се адаптирате, а тогаш и да играте на позиција која вас не лежи. Тој замина во Манчестер Јунајтед како класичен напаѓач, сега тоа повеќе не е, сега е прекомандуван на крило. Тоа повеќе не е тој играч“, рече Џоркаеф.
Поранешниот репрезентативец на Франција, освојувач на Мундијалот во 1998 година и Европско првенство две години подоцна, ја советува управата на Пари Сен Жермен да тргнат во акција за доведување на Килијан Мбапе.
„Да сум претседател на ПСЖ ќе направам се со цел да го доведам“, рече Јури Џоркаеф.
Мбапе со неговите феноменални партии во дресот на Кнежевците во тековната сезона ја залуди цела Европа и неговото име по медиумите веќе некое време се доведува во врска со гиганти како што се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед.