Дали Мурињо ќе расипе договорен трансфер на Јунајтед! Има сосема друга идеја за партнер на Ибра!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Веќе тоа еднаш го направи кога го спречи доаѓањето на Хуан Мата во Реал соевремено. Сега повторно има подруги идеи во однос на менаџментот на клубот!

Жозе Мурињо веќе планира тим за следната сезона.

Иако ги молеше навивачите да кампуваат пред куќата на Ибра со цел да го убедат да остане, Посебниот е сигурен дека и во наредната година ќе може да смета на Швеѓанецот.

Но, ќе замине Вејн Руни, ќе остане Рашфорд, а сигурно е дека следи уште едно засилување во нападот.

Се верува дека Јунајтед има договор за Гризман со Атлетико, но често поминува приказна дека Португалецот има други идеи и смета дека постојат играчи кои подобро ќе се вклопат во тимот.

Пред се, мета е Нејмар, како што пишувавме, ќе ги помести границите на фудбалот, односно ќе значи дека Јунајтед ќе ја плати клаузулата од 250 милиони за Бразилецот.

Втора мета е Хари Кејн. Имено, Мурињо смета сдека Кејн идеално ќе се вклопи со Ибра, и дека тие двајца фантастично ќе се вклопат како тандем и дека Англичанецот сигурно со своето движење ќе отвори простор за Швеѓанецот, тогаш Ибрахимовиќ е и најопасен.

Но, дали Тотенхем ќе се предаде?

Леви е тврд преговарач, но веќе го продаде Бејл за повеќе од 100 милиони, па ако стигне понуда поголема сигурно ќе размисли, со тоа што на клубот поважно е да го задржи Деле Али.