Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зарем се сомневте дека тие имаат најголема понуда?
Пјер Емерик Обамејанг и дефинитивно ќе ја напушти Борусија од Дортмунд, а веќе ја доби првата сериозна понуда.
Во ист ден кога е соопштено дека Томас Тухел ќе ги напушти Милионерите, и кога е откриено дека Обамејанг купи куќа во Париз германски Билд пренесе дека Обамејанг добил понуда од соништата од Пари Сен Жермен.
Францускиот клуб го означи Габонецот како прва мета во летниот преоден рок и спремен е да му понуди дури 14 милиони евра по сезона.
Сеуште не е познато колку ПСЖ е спремен да плати на Борусија, но после сите случувања во клубот и желбата на играчот да замине, јасно е дека Парижените можат и да се ценкаат.
Што се однесува до личните услови, делува дека Обамејанг без размислување прифати да се пресели на Паркот на принцевите.