Дали овој е најдобриот натпревар во кариерата на Лукас Подолски?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукас Подолски денеска испиша историја и постигна 5 погодоци на само еден натпревар.

Галатасарај денеска играше на гостински терен кај 24 Ерзинканспорт каде што и славеа со 6:2.

Сепак, натпреварот беше интересен по Лукас Подолски, кој постигна 5 погодоци и тоа за помалку од еден час.

До десетата минута постигна 2 погодоци, па потоа од 50тата до 63тата минута постигна 3 погодоци.

Подолски во Галатасарај има постигнато 25 голови на 57 натпревари до денеска, па тоа значи дека денешните негови погодоци се шестина од севкупното постигање голови во дресот на тимот од Истанбул.

Ова е причина плус да загризат јапонските и кинеските клубови за Подолски, кој покажуваат доста интерес овој месец.