Дали ќе запрат? Рома посакува мексикански репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако донесоа девет засилувања, од таборот на Рома се подготвуваат да го донесат и десеттото ново име на „Олимпико“.

Имено, спортскиот директор на клубот, Мончи ќе се обиде во Рим да го донесе и репрезентативецот на Мексико и член на Порто, Хектор Херера.

Џанлука Ди Марцио пренесува дека Херера е реална опција за Рома затоа што неговиот договор истекува за 12 месеци и нема да ги чини многу пари. Новинарот објавува дека доколку не дојде до договор со Порто, од Рома ќе почекаат шест месеци и веќе во јануари ќе преговараат со претставници на играчот за следната сезона да се пресели на „Олимпико“ како слободен агент.

Херера има над 200 настапи во тимот на Порто, а во моментов е со репрезентацијата на Мексико на Светското првенство во Русија.