Дали ќе им се насмевне среќата: Милан најде засилување во Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наместо во Евертон, Милан засилување бара во Манчестер Јунајтед.

Изгледаше дека Делофеу ќе стане нов члан на Милан. Тие сакаа да го донесат во тимот, но Евертон не се согласи на условите на итлаијанскиот клуб.

Милан најде нова мета, а тоа е Мемфис Депај. Овој 22-годишен играч и службено побара трансфер од Мурињо во овој преоден период. Околу него се споменуваат многу клубови, а Милан е еден од нив.

Милан, наводно, испратиле понуда до Јунајтед за 6-месечна позајмица на Депај со право на откуп на крајот на сезоната.

Износот не се споменува, но Јунајтед сигурно нема да добие 30 милиони евра, за колку што стигна овој фудбалер од ПСВ.