Дармиан сака да остане во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матео Дармиан инсистира дека е среќен во Манчестер Јунајтед и покрај шпекулациите кои го поврзуваа бекот со враќање во Италија.

Јувентус беше сериозно заинтересиран за Дармиан, но во последен момент се одлучија да потпишат договор со играчот на Милан, Матија Де Шиљо.

„Секогаш читам нешто за мојата иднина. Но нема ништо во тоа. Јас сум среќен овде. Сметам дека шпекулациите се дел од нашата работа. Како што реков претходно, јас сум среќен овде. Јас сум играч на Манчестер Јунајтед, тоа е тоа“- коментираше Дармиан.

Исто така се споменуваше дека и Интер има интерес за Дармиаан и дека Италијанецот би можел да биде вклучен во трансферот на Иван Перишиќ.