„Да бев сеуште претседател, ќе размислев за доведување на Роналдо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседатели на Интер, Масимо Морати во разговор за РТВ Сан Мартино порача дека доколку уште би бил претседател на Интер би размислил за доведување на Роналдо.

„Да сум сеуште претседател на Интер, би размислил за доведување на Роналдо. Јуве направи одлична работа, ми се допадна тоа колку навивачите беа изненадени, тој е прав поклон за нив. Слична ситуација имав јас кога го доведов Роналдо (Бразилецот). Му честитам на Јувентус.“, порача Морати.

Да потсетиме, Морати беше претседател на Интер од 1995. до 2013. година, а за тоа време доведе неколку огромни ѕвезди, како што се Роберто Карлос, Кристијан Виери, Адриано, Златан Ибрахимовиќ и Хернан Креспо. Секако, негов најголем успех е доведувањето на Бразилецот Роналдо од Барселона.