„Да играше Икарди во 1999 година, ќе беше на клупата на Интер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач Антонио Касано го изнесе своето видување за фудбалот во Италија некогаш и сега, а тоа нема да им се допадне на актуелните фудбалери кои настапуват во Серија А.

Касано тврди дека Италјанскиот фудбал пред дваесет години бил многу поквалитетен отколку денес, а тоа се обиде да го објасни со неколку примери.

,,Кога почнав да играм во Серија А во 1999 година, тогаш Андреа Пирло, Франческо Коза и Роберто Баронио играа за Реџина, а таа се бореше за опстанок. Што се промени од тогаш? Многу работи”- започна Касано и продолжи:

,,Ние во 2006 година го освоивме светското првенство.  Друг фудбал се играше и тогаш. Денес сите сакаат да го копираат Гвардиола и да го играат неговиот стил, но Гвардиола е еден на светот.”

Посебно беше суров кон Мауро Икарди, но не го обезвредни туку постави интересно прашање.

,,Што мислите, дали Икарди би играл во првата постава на Интер и би се занимавал со фудбал во 1999 година? Покрај Роналдо и Виери? Јас мислам дека би седел на клупа.”