Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ернесто Валверде е незадоволен, па без никаква консултација со него, му беше соопштено дека Паулињо се враќа во Кина за 50 милиони евра.
Со тој потег, Барселона се наоѓа во проблеми, а Артур кој пристигна и ги воодушеви навивачите, е поинаков тип на играч, па поради тоа Валверде инсистира да донесе нов играч.
Дињ замина во Евертон, а според последните информации, постигна е договор со Севилја, па Алеиш Видал по неуспешната мисија во Каталонија, ќе се врати во Андалузија.
Сега се чека и продажба на Мина, а неколку европски гиганти се заинтересирани, но Барселона бара 40 милиони евра.
Андре Гомеш не може да го продадат на никого, Рафињо не го откупи Интер, а многумина велат дека следува крај и за Пако Алкасер.
Но, тренерот е лут поради тоа што никој за ништо не го консултира, првенството се ближи до самиот почеток, а ниту еден играч од тие што ги посакува не му биле ангажирани.
И понатаму трае битката со ПСЖ за Рабио. На него му завршува договорот следното лето, а се споменува повторно и Нзонзи, како и Дани Парехо.
Каталонските медиуми пишуваат дека Барса до петок ќе го чека Рабио и ПСЖ, а потоа ќе се посвети на пронаоѓање на нови играчи.