Двајца се најдоа на менито: Отворена војна помеѓу Барселона и Јувентус…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е добро покриен на стоперските позиции, но дури три централни дефанзивци на „Старата дама“ можат да се сместат во категоријата ветерани.

Барзалји како што стојат работите на лето ќе ја напушти екипата, најверојатно ќе ја заврши кариерата, ниту искусниот Џорџо Кјелини не е далеку, додека Бонучи од друга страна без сомнеж ќе игра уште неколку сезони на врвно ниво.

Данијеле Ругани ја чека својата шанса, но во Торино ништо не препуштаат на случајност, па така го следат пазарот постојано.

Од друга страна, Барселона има големи проблеми со задната линија, Умтити се мачи со повредите, би можел поради неопходна операција да ја заврши сезоната, па така привремено решение е Џејсон Мурилјо од Валенсија.

Сепак се чини, дека Колубмецот нема квалитет да остане решение на долги стази, но да му се даде прилика, во секој случај и Барселона ги следи случувањата на трансфер пазарот кога стоперите се во прашање.

Така на радарот на обата клуба се најде дефанзивецот Матис Де Лихт од Ајакс, како и 18-годишниот Жан Клер Тодибо од Тулуз.

Се чини дека Барселона со ангажманот Мурилјо ги одложи преговорите со Ајакс и Мино Раиола околу Де Лихт, па Јувентус до лето ќе има време да направи стратегија за ангажирање веројатно и на најталентираниот стопер на светот.

Што се однесува до Тодибо, тој дури оваа сезона доби шанса, но покажа дека пред него е блескавс иднина, особено го краси тоа што може да игра и во редот за врска, па ги исполнува сите услови да стане квалитетен и современ стопер, кој без проблем може да учествува во градењето на акцијата на оваа екипа.

Јасно, Де Лихт далеку е поскапа опција за обете екипи, но се чини и подобра, со оглед на тоа дека е стандарден репрезентативец на Холандија, има и 90 запишани настапи во првиот тим, а доби неодамна и престижна награда од торинскиот весник „Тутоспорт“ за најдобар млад фудбалер на светот, стана прв дефанзивец кој се понел со ова признание.