Двајца нови кандидати за менаџерското место во Евертон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ актуелниот предводник на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне  е на врвот на листата на желби на Фархад Мошири, извршниот директор на фудбалскиот клуб Евертон.

Симеоне минува низ тежок период во Мадрид, но малку е веројатно дека веднаш ќе ги напушти „Јорганџиите“ и ќе седне на тренерското столче во Евертон.

Најреална варијанта е Сем Алрдајс да ги преземе „Карамелите“ до крајот на сезоната, а веќе на стартот на следната Аргентинецот да биде назначен за нов предводник на Евертон.

Друг кандидат кој се споменува во англиската фудбалска јавност е и актуелниот тренер на Вотфорд, Марко Силва.