Двоец од Лацио преминува во Челси?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси на почетокот на офвој месец се одлучи да го продаде Оскар во Кина, а од заработените пари лондонскиот клуб сака да доведе неколку засилувања.

Англиските медиуми пренесоа дека Антонио Конте направи листа на играчи кој сака да ги доведе во јануарскиот преоден рок на Стенфорд Бриџ.

Италијанскиот стручнак сака да ги искористи парите од Оскар, и да доведе двоец од Лацио.

Evening Standard објави денеска дека Конте веќе го контактираше италијанскиот клуб, и јасно им рече дека сака да ги доведе Фелипе Андерсон и Стефан де Вриј.

Наводно, италијанскиот стручнак е спремен за двоецот од Олимпик да плати околу 60 милиони евра.

Андерсон во претходната сезона беше неколку пати на чекор во Англија, но на два наврати му пропадна трансферот во Манчестер Јунајтед.

Сепак, се чини дека ова може да трета среќа за Бразилецот кој кариерата може да ја продолжи во Челси.

Де Вриј со Лацио има договор до лето 2018 година и неодамна одби да ја продолжи својата верност на римскиот клуб.