Дебакл на МЗТ во Јане Сандански – Полесен тренинг за Црвена Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје беа декласирани во Јане Сандански од Црвена Звезда со 73:93 во натпревар од четиринаесетото коло од АБА лига.

МЗТ беше во игра се до резултат 9:9. Следуваше водство на Звезда по кое немаше враќање за кошаркарите на МЗТ. Првата четвртина гостите ја добија со 16:21. Предноста на кошаркарите на Црвена Звезда во второто полувреме само растеше. Пред крајот на полувреме гостите имаа и двоцифрена предност, 33:43. Нполувреме резултатот беше 35:43.

.

Во третата четвртина еден голем дебакл на кошаркарите на МЗТ. Постигнаа само 15 поени, а примија 30. Во последните десет минути од натпреварот гостите имаа водство од 50:73. Рутинирано последната четвртина ја одиграа кошаркарите на Црвена Звезда за на крајот да слават со 73:93.

Дангубиќ со 16 поени беше најефикасен во тимот на Звезда. Бјелица и Волтерс постигнаа по 12 поени, а Јовиќ 11 поени. Кај МЗТ најефикасен беше Скот со 21 поен. Двоцифрени натпреварот го завршија и Лалиќ кој постигна 15 поени и Клоф кој запиша 12 поени.

Во следното коло МЗТ му гостува на Партизан, а Црвена Звезда повторно игра на гости, овој пат против Цедевита.