Дежа ву за Адам Ханга од минатото лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Во чуден пресврт на настани, преговорите помеѓу Барселона и Басконија за кошаркарот Адам Ханга повторно вклучуваат и зделки од фудбалскиот свет.

 

Барселона не сака да понуди повеќе од 300 000 евра за Адам Ханга и затоа сакаат да вклучат фудбалер од фудбалскиот тим на Барселона кој ќе отиде на позајмица во Алавес, чиј што сопственик е истиот оној на Басконија, Хозеан Куереја.

Истото сценарио се случуваше и во минатото лето, кога Барселона исто така сакаше да го донесе Адам Ханга во своите редови но на крајот тој остана да ја изигра целата ланска сезона во дресот на Басконија.

 

Сепак се очекува Ханга да го напушти тимот на Басконија бидејќи и самиот тим потврди дека сакаат да го продадат додека можат за да извадат финансиски профит од него, но Хозеан Куереја засега се поставува како “тврд орев” во преговорите.