Дел од навивачите зачудени: Јунајтед прскаше со лук пред мечот со Ливерпул (ВИДЕО)


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Манчестер јунајтед го игра големото дерби против Ливерпул во недела во Премиерлигата, а се случи нешто интересно и за многу навивачи невообично пред дербито.

„Црвените ѓаволи“ решија да го испрскаат теренот на „Олд Трафорд“ со лук пред мечот, а тоа се користело за уништување на паразитите, кои ја оштетуваат тревата и такво нешто се случувало секоја недела.

Значи нема никаква магија на тренерот Оле Гунар Солскјер за дербито против Ливерпул, туку стандардна процедура, која се прави во Премиерлигата, па навивачите не треба да бидат „загрижени“.

Единствен проблем е лошата миризба, која се чувствува околу стадионот, но сите се надеваат дека таа ќе исчезне до недела, кога Ливерпул гостува во Манчестер.