„Денеска загуби подобриот тим“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Тотенхем Хари Кејн беше разочаран после денешниот пораз од Челси (4:2)) во полуфиналето на ФА Куп.

Кејн беше стрелец на првиот погодок за Спарси на Вембли, но тоа не беше доволно за неговата екипа да извлече нешто повеќе од пораз.

„Денеска одигравме одличен натпревар и мислам дека на крајот подобриот тим загуби. Така е некогаш во фудбалот. Разочаран сум, но горд на претставата која што ја пруживме против Челси“, рече Кејн.

Тотенхем денеска го загуби веќе седмото полуфинале на ФА Куп во историјата, по тоа веќе е најнеуспешен клуб во ова натпреварување.