„Денеска испуштивме два бода“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона денеска на домашен терен ремизираше против Реал Мадрид одигрувајќи 1:1.

Каталонскиот клуб на почетокот на второто полувреме стигна до предност кога мрежата на Реал Мадрид ја затресе Луис Суарез.

Сепак, во самиот финиш од натпреварот кралскиот клуб стигна до реми после погодокот на Рамос.

„Во овој меч сигурно испуштивме два бода, направивме се за да славиме, но тоа е фудбал. Бевме супериорни и поквалитетен тим денеска, но кога не го приведовме натпреварот на крајот се случи ова. Реал нас ни бега шест бода и сега само можеме да чекаме на нивните грешки“, рече Суарез.

Реал Мадрид и понатака е убедливо на првото место на табелата од шпанското првенство со 34 бода, додека Барселона моментално е на второто место со шест бода помалку.