Дени Илиев пријавен во тимот на Арсенал за Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го пријави нашиот голман Дејан Илиев во списокот од 25 сениорски играчи во пресрет на новата сезона во Премиер Лигата.

По истекот на преодниот рок сите екипи имаат право да состават една листа со сениорски играчи, и листа со играчи од академијата и стипендисти кои би биле во комбинација да заиграат во една од најсилните лиги.

Нашиот Илиев се најде во сениорскиот тим на местото на Дани Казорла кој долго време мака мачи со повредите. Покрај Илиев од младите голмани тука е уште Мат Мејси и секако стандардните првотимци Давид Оспина и Петр Чех.