Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Традиционално најдобриот играч на светпт се бира на крајот од годината, а France Football вложи голем труд во органзиацијата на вечерашната церемонија.
Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат да започне церемонијата и да се види дали дојде крајот на доминацијата на Роналдо и Меси.
Тие „владеат“ на фудбалската сцена веќе 10 години и освоија по пет Златни топки. Иако, Роналдо имаше добра година позади себе, се чини дека овој пат нема да биде на тронот. Фудбалската јавност најголеми шанси му дава на Лука Модриќ, кој беше избран за најдобар играч на светот според ФИФА.
Церемонијата започнува вечер во 21.00 часот во Париз, а судејќи според се, на неа нема да присуствува Кристијано Роналдо. Според пишувањата на француските медиуми, тој ќе биде на второт место, а на трето ќе биде Антоан Гризман, кој исто така го откажа доаѓањето.