Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед бара нови засилувања, а медиумите од Холандија јавуваат дека двата англиски гиганти се заинтересирани за фудбалер на ПСВ Ајндховен, Стивен Бергвајн.
Крилниот напаѓач има само 21 година, а на 16 натпревари во лигата постигна девет голови и привлече големо внимание од европските клубови.
Наводно, „ѓаволите“ направиле одредени чекори и испратиле писмо до ПСВ, кој го проценува својот фудбалер на 25 милиони фунти.
Оле Гунар Солскјер направил одредени планови за јануари и во нив се наоѓа младиот фудбалер на ПСВ.
Сепак, голема конкуренција на Јунајтед ќе му биде Ливерпул, кој исто така е заинтересиран за талентираниот фудбалер.