Детал од церемонијата кој стана хит: Салах не го ни погледна Рамос, но за потегот на Шпанецот сите коментираат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во Монте Карло, после ждребот на групните фази од ЛШ беа доделени и наградите за најдобри поединци во минатата сезона.

За најдобар фудбалер беше избран Лука Модриќ, дефанзивец Серхио Рамос, играч за врска Модриќ и напаѓач, Кристијано Роналдо.

Интересен момент беше тоа што после финалето од ЛШ првпат многу близу беа Салах и Рамос. Секако, Салах беше во конкуренција за најдобар фудбалер во Европа, но остана без награда.

Сепак, Рамос ја доби наградата за најдобар дефанзивец, а она што е занимливо е фактот дека во текот на церемонијата тој седеше позади Салах, па мораше да помине покрај Египќанецот кога одеше по наградата и кога се враќаше.

Она што на сите им „падна во око“ беше моменот кога Рамос се враќаше на своето место, го потапка Салах по рамото по кое го повреди во текот на дуелот со него во ЛШ.

Случајно или не, не знаеме, но оваа фотографија стана вистински хит на интернет.