Детето на Реал: Не дојдов за да седам на клупа, иако имаме одлични играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид истакна дека не потпишал со ПСЖ како би седел на клупа, односно сака да игра 90 минути. Хесе ова лето почна нова ера во својата кариера по напуштањето на клубот во кој стигнал уште како дете и се пресели во ПСЖ. Но неговата кариера немаше баш најдобар почеток. Мораше на операција на слепо црево, па така пропушти неколку натпревари на почетокот на сезоната.

Сега е 23 годишниот Шпанец и спремен да се бори за првиот тим на тренерот Унаи Емери, а јасно даде дознаење дека не го напуштил Реал за да седи на клупа.

Како во секој голем европски клуб, никогаш неможе да е предвидено дали играчот ќе помине 90 минути на терен, а Хесе го почувстува тоа на своја кожа викендов и не беше презадоволен.

“Не дојдов во Париз за да бидам во иста ситуација како во Мадрид. Дојдов овде да настапувам на секој натпревар, без разлика на тоа дека овде има одлични играчи”, изјави Хесе за новинарите.

Признава дека не му било лесно да го напушти Мадрид.

“Беше тешко, бидејќи таму бев десет години. Но ПСЖ е одличен клуб и добар избор за мојата иднина. Дојдов тука за да освојувам титули и да напредувам како фудбалер”.

Тренерот Емери сакал да го донесе уште во Севиља.

“Не ми вети место во првиот тим, тоа така не оди. Мора да се заслужи. Дури и најдобрите мораат да се борат за своето место”.