Дефо моќен против Ливерпул: Сити се намачи со Барнли


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити се намачи против Барнли додека Ливерпул освои само бод во Сандерленд.

Ливерпул во 20-то коло во ПЛ гостуваше кај Сандерленд, но не успеа да стигне до 14-та победа, па сега зад Челси заостанува 6 бодови, со тоа што Челси има натпревар помалку.

Ливерпул добро го отвори натпреварот, напаѓаа од 1-та минута, а во 20-та Стариџ успеа да постигне гол.

Дефо набрзо израмни од пенал на 1:1, а тоа беше резултат во првиот дел. Мане во 72-та минута беше стрелец за 2:1, но набрзо потоа повторно Дефо од пенал израмни на 2:2 и така остана резултатот до крајот на натпреварот.

Сити победи со 2:1, но противниците дадоа голем отпор. Клиши погоди во 58-та минута за 1:0, Агуеро во 62-та минута зголеми на 2:0, набрзо Ми постигна гол за намалување на 2:1 и така остана резултатот до крајот на натпреварот.

Евертон со 3:0 го победи Саутемптон и тоа со головите во последните 20 минути. Валенсија во 73-та погоди за 1:0, а во 80-та Беинс зголеми на 2:0 од пенал. Конечниот резултат го постави Лукаку во 89-та минута.

Резултати:

Евертон – Саутемптон 3:0
Манчестер Сити – Барнли 2:1
Сандерленд – Ливерпул 2:2
ВБА – Хал 3:1