Де Бруин: Имаме се што е потребно за титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите белгиски фудбалери Кевин Де Брујн верува дека неговата репрезентација има квалитет кој е потребен за да се достигне светскиот трон.

Исклучително моќната и талентирана белгиска генерација има шанси да биде крунисана во Русија, но Де Бруин не сака премногу да се занесува и да биде во еурофирија пред време.

„Знаеме дека нашите навивачи очекуваат од нас многу. Имаме одлична атмосфера во тимот, а класата на играчите и тренерскиот тим ни овозможува да се бориме за највисокот место“, кажа Де Бруин, па додаде:

„Пробуваме да одиме чекор по чекор и да ја избегнеме еурофијата, бидејќи не ни е потребна. Сакаме да го победиме секој натпревар, а за титулата ќе зборуваме доколку се избориме за финале. Мислам дека имаме се што е потребно за освојување на Мундијалот“.

Да потсетиме, денес е првиот полуфинален меч помеѓу Белгија и Франција, со почеток од 20.00 часот.