Де Лаурентис: Не можев да го чекам Сари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вели дека не можел да го чека Маурицио Сари да донесе конечна одлука за неговата иднина.

Наместо да чека, Де Лаурентис се одлучи да го назначи Карло Анчелоти и да предизвика ерупција од воодушевување во Неапол.

„Јас сум одговорен за Наполи. Не можам да чекам вечно други да кажуваат кога ќе бидат слободни. Му дадов на Сари време, но времето помина и јас се одлучив за Карло Анчелоти. Со Анчелоти почнавме соработка прво во Рома, потоа во Лондон и сега во Канада“-коментираше Де Лаурентис.