Де Лаурентис почна да „пецка“: Сари секогаш добива отказ на крајот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е повторно на насловните страни на италијанските медиуми. Во екипата има еден куп проблеми, тој се кара со навивачите, а сега реши да го „пецне“ Маурицио Сари.

Сари на крајот на минатата сезона доби отказ од Наполи, па го презема Челси. „Сините“ одлично ја почнаа сезоната под негово водство, односно во првите пет кола во Премиерлигата имаат пет победи.

Сепак, Де Лаурентис поради некоја причина реши повторно да зборува за Сари.

„Секогаш сум близок до екипата, па поради тоа го избрав Анчелоти и јас сум одговорен. Така беше и со Сари. Овојпат сум помирен. На Сари му оди добро засега, но во својот живот има многу порази и секогаш добива отказ… Од тие експерименти излезе личност која има лоши односи со другите луѓе“, кажа Де Лаурентис.