Де Роси ја напушта Рома?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот фудбалер на Рома, Даниеле Де Роси, наскоро треба да го продолжи својот со Рома.

Де Роси со римската екипа има договор до крајот на оваа сезона, но се укажува дека наскоро ќе потпише нов.

Сепак, италијанските медиуми пренесоа дека Рома ќе му понуди само нов едногодишен договор.

Наводно, Де Роси е изненаден со оваа одлука на челниците на клубот во кој ја помина целата досегашна кариера.

Искусниот 33-годишен играч за врска очекуваше повеќегодишен договор, и почна да разгледува опции да ги напушти редовите на Рома.

Како што пренесува Фудбал Италија, неколку клубови од американската МЛС се заинтересирани за Де Роси.

Наводно, понуда подготвува Њујорк Сити, додека расплетот на ситуацијата ја следи ЛА Галакси.