Дибала експресно ја напушти Аргентина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина во наредните неколку денови ќе игра натпрери за квалификации за СП.

Фудбалерите вчера се собраа, а на собирот дојде и Пауло Дибала. Меѓутоа фудбалерот на Јувентус експресно го напушти теренот бидејќи на собирот дојде повреден.

Дибала во неделата во првото полувреме го напушти теренот против Сампдорија, но и покрај тоа реши да се појави.

Сепак после прегледите одлучено е дека Дибала не е во состојба да игра.

Дибала веќе утре се враќа во тренинг центарот на Јувентус каде што ќе го продолжи опоравувањето од повредата.

Јувентус го советуваше Дибала да не оди на собирот, но тој не слушаше.