Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус во 1/8 финалето во купот на Италија ја дочека Џенова, а во стартниот состав на „Старата Дама“ се најде и Паоло Дибала, после подолго време.
Аргентинецот поради слабата форма и слабото залагање беше надвор од првиот тим, а Алегри на овој натпревар му даде шанса во стартните 11, па Дибала му се оддолжи со прекрасен гол.
Јуве доминираше од самиот старт на дуелот во Торино, а во 42. минута го матираше голманот на Џенова со прекрасен удар точно покрај стативата. Дали ова значи дека ќе го гледаме веќе во првиот тим во наредните натпревари останува да видиме.
Видеото од голот можете да го погледнете подолу.