Дибала: Сите помагаме Роналдо да постигнува голови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот играч на Јувентус, Пауло Дибала синоќа го прекина голгетерскиот пост со гол против Болоња во воведните минути на средбата во Серија А, а после мечот помеѓу останатото рече дека цел тим работи на тоа Роналдо да постигнува што повеќе голови.

Португалецот пристигна во Јуве оваа сезона и стана прва напаѓачка опција, а Дибала кажува дека на крајот од краиштата не е важно кој ќе даде гол, туку е важно екипата да напредува.

„Што се однесува до мојот гол, тој ми даде дополнителна самодоверба, иако ја имав и претходно. Работам напорно за да играм добро. Мојата соработка со Роналдо напредува од ден на ден. Сите сме ентузијаисти да му помогнеме да постигнува повеќе голови. Мене не ми е важно кој ќе даде гол, туку екипата да победува“, рече Аргентинецот.

Сега следи големото дерби против првиот конкурент за титулата, Наполи.

„Најлесно е да се спремиме за ваквите натпревари. Сите сме многу возбудени, сакаме победа“, рече огчигледно силно мотивираниот Дибала.