Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардарци одиграа драматично реми на гостувањето во Сегедин кај унгарскиот претставник Пик Сегед и ја прекинаа серијата од девет победи по ред во Лигата на Шампионите.
Избраниците на Раул Гонзалез беа непрепознатливи и во текот на целиот натпревар ја бркаа предноста на домашниот тим. Штербик беше одличен на голот со 14 интервенции, а посебно се истакна во првиот дел од натпреварот.
На почетокот се играше израмнет натпревар, а потоа домашниот тим се одлепи на плус два, а пред полувремето домаќините имаа предност и од три гола разлика (13:10). Сепак, Вардар и покрај тоа што играше со играч помалку се врати во игра, израмни на 13:13 и имаше шанса на полувреме да оди со предност. Сепак, Борозан ја погоди стативата на 20 секунди до крајот, а во следниот напад домашниот тим реализираше и на пауза замина со предност од еден гол.
Во вториот дел продолжи израмнетиот натпревар со блага, но континуирана предност на Пик Сегед. Во финишот на натпреварот вардарци успеаја да ги стигнат двата гола негатива, а во последните 20 секунди Дибиров имаше зицер во кој ја имаше победата во свои раце. Сепак, биеше непрецизно над голот, а натпреварот заврши без победник (26:26).