Диего Симеоне: Кристијано Роналдо е најдобар играч на светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Старата дама славеше со 3-0 и така ги исфрлија Јорганџиите од ЛШ и покрај поразот на Бјанконерите од првиот дуел.

Чуда правеше Роналдо. Постигна Хет-трик и по којзнае кој пат го оневозможи Атлетико да направи голем резултат.

Симеоне на крајот јасно истакна дека за него Кристијано е најдобар фудбалер во светот и дека никој друг не може да одигра ваков натпревар.

„Тој е најдобар на светот. Само тој може да одигра вака кога е најважно“, рече аргентинскиот стручњак и додаде:

„Јувентус едноставно беа подобри. Напаѓаа одлично, беа подобри и го заслужија ова. Ние правевме некои грешки, но и тактички тие беа подобри“, истакна Симеоне.