Димитриевски во Гимнастик до 2020 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативниот чувар на мрежата, Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Гимнастик Тарагона до 2020 година.

Талентираниот голман стави потпис на нов тригодишен договор со тимот кој се натпреварува во втората шпанска лига.

Димитриевски во Гимнастик пристигна минатата сезона од редовите на Гранада и во дресот на клубот од предградието на Барселона одигра вкупно 11 натпревари.

Оваа година се очекува Столе да биде прв избор меѓу стативите на клубот од Тарагона.