Динамо Загреб и Хајдук во редот за потписот на Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елиф Елмас дефинитивно ќе направи одличен трансфер по неверојатната сезона со Работнички и успешните настапи за у21 репрезентацијата на Македонија.

17 годишниот играч неодамна и официјално раскина со Работнички и е во потрага по нов, поголем предизвик.

Како што пишува хрватскиот спортски портал „Гол“ за Елмас интерес пројавиле и од редовите на Динамо Загреб и Хајдук. Сепак, порталот обелоденува дека хрватските гиганти ќе имаат тешка задача за да го обезбедат потписот на талентираниот фудбалер и наведува дека за него сериозен интерес има и од екипите на Зенит, Лас Палмас и Скендербег.