ДИС открива шокантни информации – Митото на Барселона било помоќно од Реал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што знаете, ДИС имаше 40% од правата на Нејмар, а тие веруваат дека се измамени од страна на играчот и Барселона.

Тие 40% ќе ги добијат од сумата која стигна на сметка на Сантош, поточно 17.1 милион евра, но Барселона како што знаете плати скоро 90 милиони евра.

Па затоа тие веруваат дека се измамени и ги испрати на суд Нејмар, неговиот татко и Росел.

За медиумите, Делсир Сонда открива дека Нејмар ја прифатил понудата на Реал Мадрид, но завршил во Барселона откако тие му дале мито на неговиот татко.

„Нејмар се согласи со понудата на Реал. Дури ги помина и лекарските прегледи, а Реал беше подготвен да ја плати откупната клаузула од 65 милиони евра и да плати дополнителни 10 милиони евра.“

„Тој замина во Барселона затоа што Росел го подмити неговиот татко. Токму поради тоа бараме правда на суд.“

„Таткото на Нејмар доби прво 10 милиони евра, кои официјално се водеа како позајмица, а подоцна Барселона пред сум мораше да прифати дека е фудбалски клуб, а не Банко Сантандер. Јасно е дека тоа не е позајмица!“

„Дали Нејмар бил свесен за ова? Па тој има потпишано 17 документи на хартија на која стои логото на Барселона, а пари добивал уште додека бил играч на Сантош.“