Ди Франческо: Некои играчи сеуште не знаат што значи да се игра за Рома


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во рамите на 10тото коло во Серија А се одигра дербито меѓу Наполи и Рома, а натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

Рома беше во водство од 14тата минути благодарение на голот на Ел Шарави, но домашниот тим во последните минути од средбата дојде до заслужено израмнување и така го здржа своето место зад Јувентус.

Тренерот на Рома, Ди Франческо после натпреварот призна дека Наполи заслужиле да освојат бод и покрај тоа што изедначувањето на резултатот пристигна во 90тата минута.

,,Треба да бидам искрен, Наполи заслужи бод. Но не заборавајте дека и ние промашивме неколку прилики за да стигнеме и до 2:0 во второто полувреме”- започна Франческо и потоа додаде:

,,Уште имаме фудбалери кои не сфаќаат што значи да се игра за клуб како што е Рома, кои сеуште не можат да се пронајдат во тактичка смисла. Мислам дека добро се браневме вечерва, но за жал примивме гол.

Овој тим не е направен да се брани длабоко и го губи својот идентитет кога треба да се брани. Сакаме да имаме посед на топката и да бидеме во офанзива, но вечерва моравме да го форсираме планот Б”.

Тренерот на Рома истакна дека жали за повредата на Де Роди и Манолас кои порано излегоа од игра. Ди Франческо истакна дека со Де Роси неговиот тим изгледаше подобро на терен.

Рома после 10 одиграни кола го зазема 8мото место со 15 бодови, а толку има и петтопласраната Фиорентина.