Ди Франческо останува тренер на Рома, пресуден мечот против Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италјанскиот стручњак Еусебио Ди Франческо ќе остане тренер на Рома, јавуваат италјанските медиуми.

Волчицата синоќа доживеа вистински дебакл во четврт финалето од Купот на Италиј каде изгуби на гости од Фиорентина со 7:1

Многумина сметаа дека Ди Франческо после натпреварот сигурно ќе добие отказ, но челниците на Рома одлучија да му дадат уште една шанса.

Имено, истиот извор пренесува дека одлучувачка средба ќе биде натпреварот против Милан кој се игра во недела во рамките на Серија А.

Доколку Рома го изгуби тој натпревар, Ди Франческо станува поранешен тренер.

Италјанските медиуми преснесуваат дека засега главен кандидат за да го замени е некогашниот тренер на Фиорентина Пауло Сусо.