Ди Франческо си ги спакува куферите: Легенда на Рома ќе го наследи на тренерското место!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома не игра како што очекуваа сите од нив сезонава, па под голем притисок се наоѓа тренерот Еусебио Ди Франческо, кој би можел да остане без работа, а веќе долго време се размислува за негови наследници.

Судбината на Ди Франческо би можела да биде позната по дербито со Интер викендов, а во случај на пораз јасно е што ќе се случи.

Па, така поранешниот тренер на Сасуоло, Пауло Соуза, би можел да го замени Ди Франческо на клупата на Римјаните.

Сепак, главен кандидат за тренерската позиција во Рома е Винченцо Монтела, поранешниот тренер на Фиорентина, Милан и Севилја.

Монтела ја има предводено Рома на почетокот на својата тренерска кариера и тоа на 16 натпревари во 2011 година.

Да потсетиме, Монтела како фудбалер го носеше дресот на Рома дури 10 години, па на 192 настапи за Римјаните постигна 84 голови.